(Фотографии) Нова училишна спортска сала во општина Петровец

Новата спортска сала е уште еден успешно завршен инфраструктурен проект.

Во основното училиште „Кочо Рацин“ во општина Петровец во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, денес беше пуштена во употреба новата спортска сала, изградена како дел од проектот на Владата на Република Македонија „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали“.

 Во оваа прилика, Министерот за образование и наука Спиро Ристовски посочи дека примарна цел на новата сала е да се создадат услови за непречено одвивање на часовите по спорт и спортски активности во училиштето, но додаде дека објектот има потенцијал да се користи и за воннаставни тренинзи и спортска рекреација.

- Новата спортска сала е уште еден успешно завршен инфраструктурен проект со кој општина Петровец може да се идентификува како едно модерно и просперитетно место за живеење, рече Ристовски.

- Оваа сала не е единствениот ниту пак последниот проект од областа на спортот што го реализираме во општина Петровец. Во изминатиот период го изградивме големото фудбалско игралиште во Петровец, фудбалските игралишта во Долно, Средно и Горно Коњари..., а во наредниот период планираме изградба на уште две тениски игралишта во рамките на ова училиште и едно повеќенаменско спортско игралиште во Ржанчино, истакна Премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Владата на Република Македонија исто така најави дека наскоро се очекува да се изгради и и сосема нова зграда на ОУ „Кочо Радин“ во општина Петровец.

Повеке фотографии погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top