(ФОТОГРАФИИ) Официјално Џесика Стојковска е победник и влегува како парламентарец во Парламентот на Западна Австралија

Официјално Џесика Стојковска сопруга на Сиљан Стојковски од Перт - Западна Австралија стана победник во местото Кингсли и со тоа македонците ќе имаат уште еден пријател во законодавниот дом на Западна Австралија..

Денес државната изборна комисија на Западна Австралија официјално соопшти дека Џесика Стојковска која беше номинирана  од  Лабористичката Партија на Австралија е победник во изборната единица Кингсли во Западна Австралија.

Македонската заедница од Западна Австралија денес слави затоа што Македонската снаа т.е сопругата на Сиљан Стојковски - Џесика Стојковска е победник во својата изборна единица - Кингсли.

Официјално таа доби 11,250  или 50.68% од гласовите од избирачкото тело, Џесика ја преставуваше Лабористичката партија на Западна Австралија и е апсолутен победник на овие избори во Перт.

Друг наш преставник беше Даме Крцовски преставник на Либерална Партија кој беше катастрофално поразен од Квирк од Лабористичката Партија на Западна Австралија.

За Даме Крцовски гласале 7.452 гласови или 33% од гласачите, но според пораката што ја испрати на социјалните мрежи Даме е задоволен од резултатот иако е поразен и изјави дека се чуствува побединик и секако ова е само почеток на неговара политичка иднина.

Меѓу првите кои и честитаа на Џесика Стојковска беа Македонскиот Амбасадор во Австралија - Веле Трпевски, Почесниот Конзул на Република Македонија во Перт Западна Австралија - Зоран Ќосески и ние од Фаланга кој медиумски ја помогнавме нејзината кампања.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top