(Фотографии): Општина Демир Хисар го одбележа 23 Октомври

Традиционално одбележан Денот на македонската револуционерна борба..

Голема општинска делегација што ја предводеше градоначалникот Љупчо Блажевски и членови на Советот на општината, денеска ги посети најважните споменични обележја во општината.

Најпрвин делегации на Советот, Градоначалникот, Здравствениот дом и Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ беше на поклонение и положи цвеќе на Споменикот на демирхисарските револуционери што се наоѓа во градскиот парк.

Традиционално, на Денот на македонската револуционерна борба, општинската делегација во која беа и претставници на јавни претпријатија, установи, органи на државната управа, како и местната заедница, го посети револуционерното Смилево. Букети свежо цвеќе беа положени на гробот на Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци, како и споменикот во спомен паркот „Даме Груев“.

Иако беа поканети претставниците на партиските ограноци на сите политички партии, на денешното чествување присуствуваа само делегации на ВМРО – ДПМНЕ и Партијата на обединети демократи – ПОДЕМ.

Повеке фотографии од настанот погледнете во галеријата:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top