(Фотографии) Општина Рогдаел е подготвена да го прослави 8-ми септември

По повод 22 годишнината од независноста на Република Македонија Општина Рокдаел веќе ги истакна знаминања на Република Македонија.

Во предвечерието на федералните избори што треба да се случат утре на 7-ми септември во Австралија, Општина Рокдаел по повод 22 годишнината од независноста на Република Македонија веќе ги истакна знаминања на Република Македонија по долж улиците на самата Општина.

Како што е познато Општина Битола е збратимена општина со Рокдаел и ден по федералните избори во Австралија, во недела на 8-ми септември се очекува подигање на македонското знамеисто како што е планирано да се случи и во Мелбурн.

За овој настан Општина Рокдаел учествува со финансиска поддршка за македонската заедница по повод претстојниот државен празник на Република Македонија.

Во оваа општина, г-н.Никола Мицковски и г-н.Бил Саравиновски се советници со македонско потекло.

 Благодарение на нашата верна читателка, Бети Донески жител на истоимената општина, ги добивме сликите со македонските знамиња развиорени долж улиците на Општина Рокдаел.

Наскоро Фаланга ке ве информира подетално за случувањата на 8-ми септември.

Повеке фотографии погледнете овде : 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top