(ФОТОГРАФИИ) Пеце Наумовски го прослави 21 роденден

Прекрасна забава и волшебна торта на роденденската прослава на Пеце..

Светскиот Шампион во карате Пеце Наумовски кој живее во Мелбурн го прослави својот 21-ви роденден. Пеце роденденот го прослави со своето семејство и кругот на најблиските роднини и пријатели. 

Пеце Наумовски има освоено повеќе шампионати во карате и има многу медали и награди.

Она што е карактеристично е тоа што радоста ја сподели со неговата баба Грозда која што има 96 години и која што е една од најстарите македонки овде во Австралија.
Секако тука беа и членовите на неговото семејство со кој што Пеце живее во хармонија и од кои што ја добива поддршката за неговата животна определба Карате. 
Покрај превкусните јадења кои што ги приготвија неговата прекрасна мајка Дивна и неговиот татко Васко карактеристична и невообичаена и секако прекрасно изработена беше роденденската торта декорирана со Карате симболи.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top