(Фотографии) Пензионерските групи од Мелбурн свечено го прославија 8ми септември

И пензионерите во Мелбурн достојно го прославија 8ми септември..

Во организација на Македонските пензионерски групи од северните предградија од Мелбурн во Фераро Ресепшн достојно беше прославен државниот празник - Денот на Република Македонија 8ми септември.

Организациониот одбор на чело со Јанко Каличев и Косте Колевски ги поздравија присутнитните и им го честитаа Денот на Републиката.

Присуство имаше и од преставник од Македонската Православна Црква - Отец Глигор Киселинов кој го благослови ручекот.

Пријатно изненадување беше присуството на Конзулот на Република Македонија во Мелбурн - Бети Коруновска која со својот говор ги воодушеви присутните и собра најповеќе аплаузи.

Покрај говорот Бети Коруновска докажа дека има и способности да е одличен играорец на кој изигра неколку ора.

Се` беше во пријатна атмосвера а најзаслужни за тоа беа оркестарот на Стела Андонова.

Повеке фотографии од настанот погледнете тука....



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top