(ФОТОГРАФИИ) Почна најголемиот карневал во светот

На фестивалот ќе учествуваат повеќе милиони луѓе.

Со звуците на самбата кралот Момо синоќа го отврои карневалот во Рио де Жанерио, откако претходно градоначалникот на градот симболично му го предал клучот.

Оваа година заштитник на фестивалот Кралот Момо го претставува 27-годишниот Вилсон Диаш да Коста Нето, кој таа почесна функција ја обавува за првпат, стигнал на отворањето во лимузина во придружба на кралицата на карневалот Летисија Гуимарјаш, и две принцези.

Кралот и кралицата кои се избрани на конкурс, ќе го отворат официјалното дефиле на Самбодромот утревечр на кој ќе се натпреваруваат шест школи за самба за титулата на шампиони во овој танц.

Кралу Момо го преземате овој град во многу важен момент. Се надевам дека ќе управувате добро со проблемите поврзани со сообраќајот - изјавил градоначалникот на Рио, мислејќи на работите кои го забавуваат сообраќајот во срцето на градот.

На фестивалот ќе учествуваат повеќе милиони луѓе, а официјалните лица на градот задолжени за туризмот проценуваат дека Рио во текот на карневалот ќе го посетат 918.000 туристи, а градот ќе заработи 730 милиони долари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top