(Фотографии): Претседателот Иванов на „Ден на калинката“ во Валандово

Претседателот Иванов, со својата сопруга г-ѓа Маја Иванова, денеска во Валандово присуствуваа на манифестацијата „Ден на калинката “.

Претседателот Иванов, со својата сопруга г-ѓа Маја Иванова, денеска во Валандово присуствуваа на манифестацијата „Ден на калинката “, што се организираше во рамки на кампањата „Здрава храна за детство без мана“, чиј покровител е г-ѓа Иванова.

На настанот, на кој учествуваа и Николче Чурлиновски, градоначалник на Општина Валандово, ракометарот Наумче Мојсоски и поранешниот фудбалер Миле Боев, децата од валандовското основно училиште „Јосип Броз – Тито“ имаа можност да берат калинки и да се запознаат со корисните својства на овој вид овошје.

Целта на кампањата „Здрава храна за детство без мана“ е да се подигне свеста за консумирање на здрава храна кај децата и учениците. Кампањата се реализира трета учебна година во градинките и училиштата, како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ во соработка со Министерството за образование и наука и здружението „ОХО“.

„Јас сум денеска тука, во мојот роден град, да ја поддржам оваа кампања „Здрава храна за детство без мана“, бидејќи пред се ни требаат здрави поколенија. Овие деца да ја знаат моќта на овошјето, на зеленчукот, и на сето она што го дава нашето поднебје. Навистина ми е мило што децата ги стекнуваат овие навики постојано да се хранат со здрава храна, да се во здрава околина, и навистина да вложуваме за млади за иднината. А ние сме тие што мораме да мислиме за иднината на младите“, изјави претседателот Иванов на денешната манифестација.

Повеке фотографии од настанот погледнете во галеријата: 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top