(Фотографии): Претседателот Иванов на воената вежба во Криволак

Претседателот Иванов, денеска присуствуваше на воената вежба ,,Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон „Криволак“.

Претседателот Иванов, денеска присуствуваше на воената вежба ,,Македонски Блесок-9” на Армискиот полигон „Криволак“ и го посети Центарот за обука „Пепелиште“.

На „Криволак“ беше изведена тактичка вежба со бојно гаѓање ,,Засилена средна пешадиска баталјонска група во напад“, на која учествуваа повеќе единици од различни родови и единици за логистичка поддршка. Учесниците на вежбата, на АП ,,Криволак“ покрај практичната примена на тактиките и процедурите за изведување на офанзивни борбени дејства, ја демонстрираа нивната обученост во извршување на различни гаѓања од пешадиско и артилериско вооружување, а низ програмско гаѓање беше прикажана и блиската воздушна поддршка на СПБГ.

„Со оваа вежба се покажа дека припадниците на АРМ се подготвени да се спротивстават на сите можни закани, дека можат да извршат најкомплексни и офанзивни борбени дејствија, кои се во согласност со сите НАТО стандарди. Се надевам дека овие вежби кои денеска ги изведоа припадниците на АРМ, ќе ги добијат највисоките оценки. Со овие вежби, се одржува и кондицијата на припадниците на АРМ. Ова е уште една потврда дека местото на АРМ е во НАТО и оти не е прашање дали, туку моментот кога Армијата ќе биде дел од Алијансата“, изјави претседателот на Република Македонија и врховниот командант на вооружените сили.

По изведувањето на вежбата, беше посетен Центарот за обука ,,Пепелиште“ и Лесната маневарска болница и тактичкиот оперативен центар од кој се раководи вежбата и оценувањето на ,,Македонски Блесок-9“.

Повеке фотографии од настанот погледнете во галеријата:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top