(Фотографии) Претседателот Иванов одржа предавање на Филозофскиот факултет во Скопје

Предавање на Филозофскиот факултет.

Претседателот Иванов изрази задоволство од можноста и честа да биде покровител на научниот собир на тема „Филозофијата денес“, во организација на Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филозофското друштво на Македонија.

„За разлика од воздухот што го дишеме, водата што ја пиеме и храната со која се храниме, филозофијата, како и уметноста, не е неопходна за човековото преживување. Човекот може да преживее и без филозофијата. Но, филозофијата е една од оние нешта што му даваат вистинска вредност и смисла на животот и живеењето. Филозофијата го прави животот вреден“, рече претседателот Иванов.

„Да гледате во љубовта и пријателството корист, значи да ја изгубите смислата на пријателството и љубовта. Така е и со филозофијата – да гледате во неа корист, значи да ја изгубите смислата на филозофијата. Таа иако е тешка, сепак не привлекува за да бидеме повеќе луѓе, односно да видиме како бескрајно сами себе се надминуваме, или што би кажал нашиот Св. Климент – да се престигнуваме по добрина. Кој имал можност да слуша, или пак да чита дело на некој возвишен филозоф, лесно ќе се убеди во сево ова“, рече претседателот Иванов во предавањето одржано на Филозофскиот факултет во Скопје.

Повеке фотографии погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top