(ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов во посета на Чешката Република

Чешка е многу заинтересирана да инвестира во Македонија.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на покана на неговиот чешки колега Милош Земан, денеска престојува во официјална посета на Чешката Република.

Претседателот Иванов рече дека очекува денешната средба со Земан да биде поттик за подобрување на соработката меѓу двете земји и изрази благодарност за чешката поддршка за македонските евроатлански интеграции, а особено за принципиелниот став за употреба на нашето уставно име во билатералната комуникација. Иванов на средбата побара почитување на Хашката пресуда и паралелно решавање на проблемот со името и почеток на преговорите за членство во Унијата

Претседателот Иванов најави дека на чешкиот претседател Земан ќе му биде врачено највисокото македонско признание орденот „8 Септември“ за развојот на добрите односи меѓу двете земји и за континуиранатa и принципелна поддршка од Чешката Република. Тој посочи дека посебно внимание во целиот негов мандат посвети на односите со земјите од Вишеградската група, со кои меѓудругото Македонија има и најдобри политички односи. 

- Чешка е многу заинтересирана да инвестира во Македонија. Ние веќе имаме инвеститори во мали хидроцентрали, но сакаме да се подобри соработката во областа на енергетиката, рударството и да градиме трамвајска линија во Скопје, рече Земан на заедничката прес-конференција.

Тој нагласи дека е убеден оти Македонија постепено ќе се вклучи во големото семејство на држави на ЕУ и НАТО. 

- Чешка ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции, но како што знаете во овие организации одлуките се носат со консензус и една членка може да блокира, рече Земан и како пример за надминување на состојбатаго посоичи догворот меѓу Словенија и Хрватска околу спорот за Пиранскиот залив.

- Ако НАТО ги почитува сопствените принципи би требало да добиеме покана за членство на следниот самит во Велика Британија, бидејќи се што е до нас ние веќе сме го исполниле. Сепак треба да бидеме реалисти останува проблемот со името, а нашиот сосед нема желба да се дојде до решение, рече претседателот Иванов во одговор на новинарско прашање. 

Повеќе фотографии погледнете тука. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top