(ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов во посета на Тетово по повод празникот Св. Атанасиј Велики

Претседателот Иванов на многубројните верници им го честита празникот Св. Атанасиј Велики.

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Св. Атанасиј Велики, претседателот Иванов ја посети црквата „Св. Атанасиј“ во Тетово.

Во црквата, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија господин Јосиф одржа света божествена литургија во сослужение на повеќе свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – ОА.

Во црквата „Св. Атанасиј“ беше одржана и церемонија на осветување на празничниот колач, а потоа беа избрани кумовите за идната година

Во црквата на тетовското Кале која датира од крајот на осмиот век, традиционално се прославува христијански празник Св. Атанасиј Велики.

Повеќе фотографии од настанот погледнете тука 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top