(ФОТОГРАФИИ) Претседателот Иванов во Ротимље на одбележувањето на 10-годишнината од загинувањето на Трајковски

Свои обраќања на одбележувањето во Ротимље имаа претседателот Иванов и Претседателот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ.

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска во Ротимље, Босна и Херцеговина, присуствуваше на одбележување на 10-годишнината од загинувањето на поранешниот Претседател на Република Македонија, г. Борис Трајковски, и членовите на делегацијата.

Свои обраќања на одбележувањето во Ротимље имаа претседателот Иванов и Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Жељко Комшиќ.

Претседателот Иванов ја предводеше македонската државна делегација што положи венец на спомен-обележјето во Ротимље.

„Борис Трајковски беше светлина за Македонија, но и за регионот, тогаш кога ни беше најнеопходно. Беше на чело на Република Македонија во време на најтешкото премрежје од независноста на државата. Во време кога минувавме низ најголемата бура, Трајковски управуваше со кормилото на нашата татковина и успешно нè извлече од немирните води. Свесен дека мирот треба постојано да се чува, гради и унапредува, во една пригода Борис рече:„Сите сме гости на овој свет. За се има време, но сега е време на исцелителство и мир. Секогаш доследен на своите вредности, тој сакаше благодатта од мирот и стабилноста да ја почувствува целиот регион што се уште закрепнуваше од траумите на поделбите, изолацијата и конфликтите“, рече претседателот Иванов.

Повеќе фотографии погледнете тука. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top