(ФОТОГРАФИИ) Претставниците на македонската карате репрезентација на прием кај претседателот Иванов

Претставниците на Карате федерацијата на Македонија на претседателот Иванов му доделија плакета.

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска прими претставници на македонската карате репрезентација, во пресрет на нивното учество на Европското првенство за јуниори и кадети, што од 7 до 9 февруари ќе се одржи во Португалија

На средбата, претседателот Иванов на македонските претставници им посака многу успех и достојно претставување на нашата земја. Истакнувајќи ги минатогодишните успеси на каратистите и освоените медали на одржаните балканско, медитеранско, европско и светско првенство, претседателот Иванов посака тоа да им биде дополнителен мотив на каратистите за постигнување на врвни резултати на претстојното Европско првенство во Португалија.

Претставниците на Карате федерацијата на Македонија на претседателот Иванов му доделија плакета за посебен придонес за развојот на карате спортот.

Младите каратисти се заблагодарија за можноста да се сретнат со претседателот Иванов, истакнувајќи дека за нив преставува чест да одржат средба со претседателот Иванов во пресрет на нивното заминување за Португалија.

Повеќе фотографии погледнете тука 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top