(Фотографии) Прием кај Гувернерот на Викторија по повод Мелбурн Куп

Конзуларните преставници на едно место.

Викторискиот Гувернер во Мелбурн г-дин Алекс Чернов приреди прием за Конзуларните преставници од Мелбурн Викторија во неговиот дом.

Македонскиот Генерален Конзул на Република Македонија - Бети Коруновска со нејзиниот сопруг Менде Коруновски беа дел од овој настан.

Гувернерот Алекс Чернов се обрати пред присутните и зборуваше за Мелбурн Купот кој традиционално се одржува во Мелбурн и ги запозна  присутните за важноста на истиот, за зачувавањето на традицијата на земјата како една од најголемите цели.
покрај обезбедувањето на удобност и почитување на правата на заедниците кој ја сочинуваат мултикултурна АВстралија.

Присутните преку водич имаа чест да ја запознат куќата на Гувернерот и беа запознаети со историјата на куќата, и сите предходни гувернери кои престојувале во истата.

Меѓу гостите беа и гостите од највисоките кругови од АВстралиското Општество, од конзуларните преставници меѓу другите беаи : Ѓорџ Лук од Полска, Трент Смит од Молдавите, Др, Арон Д~Соуза од Молдова, Др. Марко Матаколта од Италија.

За голема пофалба е залагањето на генералниот Конзул на Република Македонија Бети Коруновска која во ист ден присуствува и на активности кај политичарите до Австралиското општество и кај Активностите од Македонската заедница да спроведува конзуларна програма и се разбира кај обрските во Конзуларното преставништво во Конзулатот во Мелбурн.

Почесто меѓу македонците во Мелбурн Викторија може да се слушнат зборови дека конечно имаме Генерален Конзул како што и посакувавме и си ги извршува обрските професионално и почесто е меѓу Македонскиот народот  во Мелбурн Викторија - едноставно стана народен миленик.

Погледнетеги фотографиите од настанот овде...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top