(ФОТОГРАФИИ) Прикажувањето на филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи во Австралија ги надмина очекувањата

Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи примен со воодушевување од публиката во Австралија.

Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи ги надмина очекувањата од посетеност на премиерите во Австралија.

По успешните две претстави во Мелбурн, следуваа претставите во Канбера, Сиднеј, Њукасл и Волонгонг.

Претставата во Канбера ги надмина очекувањата, салата беше полна до последното место и секако голема заслуга за тоа има Македонската Заедница од Канбера.

Македонците од Сиднеј, Нов Јужен Велс широко ги отворија вратите за режисерот Јани Бојаџи и со задоволство го проследија филмот „Ругање со Христос“.

Поради големиот интерес се одржа и второ прикажување на филмот во Сиднеј.

Режисерот Бојаџи беше пресреќен и со многу емоции и се заблагодари на уште поемотивната публика која дојде да го види неговиот филм.

Покрај огранизаторите од Мелбурн, свој допринос даде и управата на „Австралиско-Македонскиот Совет на Нов Јужен Велс“

Шестата претстава на филмот „Ругање со Христос“ беше во Волонгонг, а по неа следеше претставата во Њукасл каде што управат на МПЦО „Пресвета Богородица“ срдечно го пречека режисерот Бојаџи и тимот од Мелбурн и одлично го организира прикажувањето на филмот.

Од досегашните случувања можеме да закулиме дека филмот „Ругање со Христос“ кој што беше забранет во Македонија, а награден во Монтреал, Канада беше одлично прифатен од страна на публиката во Австралија и ги надмина очекувањата, а исто така публиката сподели и многу емоции со самиот режисер кој беше многу пријатен и достапен за сите оние кои што сакаа да поразговараат за филмот.

Ова не е се, допрва следуваат претставите во Брисбен на 2-ри Февруари, Окленд, Нов Зеланд на 3-ти Февруари, Аделаид на 9-ти Февруари, Перт на 10-ти Февруари, а завршните две претстави ќе бидат во Мелбурн. За Џелонг и Мелбурн датумот сеуште не е одреден и навремено ќе бидете информирани.

Д-р Ицо Најдовски - Перин и управата на „Macedonians of Australia Advisory Council“ ја има најголемата заслуга за успешните презентации на филмот „Ругање со Христос“ во Австралија.

Публиката на Мелбурн, Канбера, Сиднеј, Њукасл и Волонгонг на огромно задоволство и воодушевување на режисерот успешно ја прифати приказната за Македонците во Егејска Македонија и децата бегалци, како и сценографијата, локациите на снимање и костимографијата, посебно беа одушевени од ефектите и квалитетот на филмот.





Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top