(Фотографии) Прилепски бал Мелбурн 2013

Традиционален бал во Аурора ресепшн.

Прилепчани и оваа година својот годишен гала бал го организираа во стил.
Прилепското друштво „Методија Андонов Ченто“ од Мелбурн го организираа Прилепскиот гала бал во Аурора ресепшн во Брансвик.
На оваа манифестација имаше гости од Македонската православна црква на чело со Протереј Миле Талески, Советот на Македонската заедница го преставуваше претседателот на таа организација Роберт Трајчески и државен преставник беше нејзината екселенција г-ѓа Бети Коруновска кој одржа поздравен говор и му го честита државниот празник на република Македонија 11 октомври.
Гостите ги поздрави претседателот на Прилепското друштво “Методија Андонов Ченто“ г-дин Зоран Здравески.
Програмата ја водеше Светлата Неделкоска.Гостите ги забавуваше музичкиот состав „Амадеус бенд“ со маестро Драган Стојановски Амдеус и пеалот Фазли Луик кој ги одушевија присутните со својот репертуар.
Повеќе фотографии од настанот погледнете тука...


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top