(Фотографии) Прославен 10 годишен јубилеј на „Весели Македонки“

Прославен јубилеј на „Весели Македонки“.

Македонската Пензионерска играорна група „Весели Македонки“  во стил го прослави своето 10годишно постоење.
Во саботата во општинската сала во Вест Саншајн управата на „Весели Македонки“ приредија изненадување за присутните гости кои ги имаше и од другите Македонски пензионерски групи  и тоа „Маркови Кули“, „Хобсон Бај“, „Кингс парк“, „Авондаел Групата“ и др. кој дојдоа за подршка со која се докажува соработката на Македонските Пензионерски групи во западниот дел на Мелбурн.
На покана на „Весели Македонки“ присуствуваше Конзулот на Република Македонија - г-ѓа Бети Коруновска кој имаше топол пречек меѓу членовите на оваа група, која одржа поздравен говор и беше наградена со благодарница од управата и аплауз од присутните.
Програмата ја водеше Славка Котевска. Интересна работа е да спомнеме дека е чуден факт за прославата да помине без присуство на  свештеници од МПЦ кои некој намерно или ненамерно не ги поканиле да го благословат јадењето и пиењето а секако дека имаше гости кои се од ниските рангови од политичкиот живот во Австралија, изгледа членовите на пензионерските групи треба добро да размислат да не прават вакви грешки во иднина.
Погледнете ги фотографиите од настанот овде.....


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top