(Фотографии): Се развиорија Македонските знамиња на плоштадот во Мелбурн

Македонската заедница во Мелбурн уште еден ден го прослави достоинствено и со свеченост го одбележа Денот на Републиката во центарот на Мелбурн..

Денес на плоштадот во Мелбурн беа подидигнати на јарболите државните знамиња на Република Македонија во чест на Денот на независноста на Република Македонија 8ми септември.

Манифестацијата беше организирана од страна на Советот на Македонската заедница, под покровителство на Македонскиот Козулат во Мелбун во соработка со Задграничниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од Мелбурн и Обединета Македонска Дијаспора.

Говори одржаа Роберт Трајчески претседател на Советот на Македонската заедница кој меѓу другото истакна: 

Во име на Советот на Македонската заедница за Мелбурн и Викторија ми причинува посебно задоволство да ве поздравам ова утро на плоштадот во Мелбурн и да ви го честитам 8ми септември, денот на Независна Република Македонија. 

По истиот повод го изведовме овој традиционален чин на кревање на македонските знамиња. Знамињата се симбол на македонската нација. Тие се спој на минатото со сегашноста и иднината.

Велат дека преку знамето се искажува и обединетост, почит и поттик за создавање трајни вредности na едно општество. Македонското црвено жолто знаме го креваме денес во чест на 8-ми септември, во чест на Независноста на Република Македонија , во чест на сите кои ги дале животите за слободата на Македонија.

Пред 22 години на овој ист датум македонскиот народ излезе на Референдум и го кажа своето Да за суверена и самостојна Република Македонија. Од овој ден Македонија отвори нова страница од својата историја. Овој ден е токму дело на македонскиот народ кој со векови наназад се стремеше за своето право да биде посебно признат правен субјект. 

Затоа на 8-ми септември 1991 година Македонскиот народ со апсолутно мнозинство се определи за политика на мир и градење на демократско општество на рамноправни граѓани.

Говор одржа и Конзулот на Република Македонија Бети Коруновска  која меѓу другото истакна:

- Сите ние ја имаме историската обрска, да придонесеме за развој на нашата земја, со несебичен влог, со многу труд, многу енергија, постојан ангажман и жестока посветеност во работата.

Тоа се темелите кои ги постави Владата на Република Македонија, тоа е мисија на секој македонец кој живее надвор од нејзините граници.

Да го зачуваме Македонскиот јазик, да им ја пренесеме на идните генерации нашата култура, чесноста, искреноста, правдата, да ја негуваме љубовта за Македонија.

Нека ни е честит денот на Независноста на Република Македонија.
Нека ни е вечна Република Македонија!


Говор исто одржаа и Џими Котевски и Ордан Андеевски.

Погледнете ги останатите фотографии од настанот тука...... 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top