(ФОТОГРАФИИ) Сергеј Четковиќ ќе ја претставува Црна Гора на Евровизија

Тој неодамна беше во посета на Австралија и настапуваше во Гранд Адреналин во Мелбурн.

На овогодинешниот Евросонг во Копенхаген, претставник на Црна Гора, ќе биде популарниот поп пејач Сергеј Четковиќ.

Тој најверојаттно ќе биде и автор на песната што ќе ја изведе, која ќе биде љубовна.

„Песната ќе биде квалитетна, а се надеваме дека ќе влеземе во финале, што за мене би бил добар пласман“, изјави претставникот на Црна Гора, дополнувајќи дека сценскиот настап ќе биде едноставен.

Сергеј Цветковиќ неодамна беше во посета на Австралија и настапуваше во Гранд Адреналин во Мелбурн. Фотографиите од неговиот настап погледнете ги тука 




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top