(ФОТОГРАФИИ) Спасените од Титаник зажалиле што биле спасени?!

Изгледа погрешивме што се спасивме. Срамота!, напишала лејди Даф Гордон во писмо адресирано до нејзината пријателка после катастрофата..

Потонувањето на бродот Титаник се уште е полно со мистерии и приказни. Една од ниве е и приказната на Лусил Даф Гордон и нејзиниот сопруг, кои биле помеѓу 12-те луѓе кои успеале да го преживеат потонувањето на славниот брод. Тие избегале со чамец за спасување кој можел да прими 40 лица и кој тогашните медиуми го нарекувале „Money Boat“, заради гласините според кои Козмо Даф Гордон го потплатил екипажот што побргу да го одвезе на сигурно и да не се враќа по патниците кои се давеле во студената вода.

- Фактот што господинот Козмо Даф Гордон обезбедил место во чамецот број 1, а се удавиле толку жени и деца кои патувале со третата класа, како и гласините дека го потплатил екипажот, предизвикале голем скандал, пишува Daily Mail.

- Изгледа погрешивме што се спасивме. Срамота!, напишала лејди Даф Гордон во писмо адресирано до нејзината пријателка после катастрофата.

После истрагата на специјална комисија, тужбите кои биле изнесени на сметка на брачниот пар се покажале како неосновани. 

Шкотскиот земјопоседник сер Козмо никогаш не успеал да го врати некогашниот углед, но лејди Лусил успешно продолжила да ја води нејзината модна куќа. Таа дизајнирала костими за музичката ревија „Зигфелдовски лудости“ (Ziegfeld Follies) и пред Првата светска војна имала околу 1000 вработени. Таа била првата креаторка која своите модели ги претставувала на модните ревии со манекенки, како што тоа се прави денес.

Вредноста на документот на модната дизајнерка лејди Лусил Даф Гордон се проценува на 4000-6000 долари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top