(Фотографии) Спектакуларен концерт на триото Милан, Татјана и Новица во Мелбурн

Секогаш расположени да изненадат.

Деновиве во Австралија престојуваат едни од најпознатите музички имиња од македонската естрада и тоа, маестро Милан Завков, шармантната Татјана Лазаревска и Новица Василевски.

Тие одржаа низа концерти ширум Австралија, а денес го одржаа својот прв концерт во Мелбурн и тоа во Гранд Нерет ресепшн во Епинг.

Пред голем број на љубители на македонскиот мелос, триото Милан, Татјна и Новица се претставија супериорно баш онака како што доликува пред македонската публика во Мелбурн.

Организатори на овие концерти се МКУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, оркестарот „Медена“ ги придружуваа естрадните уметници од Македонија.

Погледнете повеќе фотографии од концертот тука...


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top