(Фотографии): Средба на македонските Пензионерски друштва од Квинбијан и Мелбурн

Заедничка средба меѓу Пензионерското друштво од Квинбијан и Пензионерското друштво “Демир Хисар“ од Мелбурн..

Во македонскиот центар во Квинбијан се одржа заедничка средба меѓу Пензионерското друштво од Квинбијан и Пензионерското друштво “Демир Хисар“ од Мелбурн.

Во духот на македонската традиција и пријателство програмата беше збогатена со традиционални македонски песни и ора од страна на КУД “Разиграна Македонка“ од Квинбијан.

Поздравен говор одржа македонскиот амбасадор Веле Трпевски, кој беше поканет како почесен гостин на вечерта.

Во самиот говор амбасадорот ја истакна благодарноста до двете друштва за поканата и воедно го изрази своето задоволството за негувањето на македонската традиција и култура до целокупната македонска дијаспора во Австралија. 

Покрај другото пораката од амбасадорот беше упатена и до помладата генерација македонци за и во иднина да продолжат со негувањето на македонската традиција, култура и изучување на македонскиот јазик.

На крајот од говорот беше напоменато правото и законската обврска за секое македонско семејство да си ги пријавува новородените деца во Република Македонија и со тоа да го остваруваат правото за македонско државјанство, а до останатите да ја искористат можноста за добивање на македонски пасоши преку Генералниот Конзулат во Мелбурн и Амбасадата во Канбера.

Повеке фотографии од настанот погледнете во галеријата...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top