(Фотографии) Свадба на годината - се венчаа Ник и Натали Петровски

Незаборавно .....

Денес во Мелбурн во Македонскиот православен храм Св. Никола во Престон се венчаа Ник Петровски и Натали Ристеска.
Иако во Мелбурн живеат над 150,000 македонци и редовно присуствуваме на свадби кои тешко е да се одлучи и да се каже која е свадба на месецот па и на годината - денес дефинитивно бевме почестени со присуство на свадбата на годината.
Сватовите Гоце Ристески кој е бизнисмен и Васко Петровски  угостител тоа што си го замислиле и го остварија, приредија изненадување за гостите и свадбата ја направија во најлуксузното место во Мелбурн во Докланд каде ретко некој македонец може да си дозволи таков луксуз, но парите си го прават своето.
На свадбата имаше над 700 гости меѓу кој имаше гости допатувано од Македонија и од Америка, од Сиднеј.
Што се однесува до музичкиот дел маестро Милан Завков и естрадните уметници Татјана Лазаревска и Новица Василевски заедно со музичката група „Медена“ го дадоа својот максимум веселбата да е незаборавна а се разбира за возврат добија бакшиш како што немало до сега,  мора да спомене дека освен зелени и жолти банктноти не забележавме друга боја.
Општо земено - музиката,  услугата на самото место плус амбиентот покрај море допринесе гостите да се чуствуваат феноменално а младоженците и гостите од главната маса создадоја атмосвера веселбата да биде незаборавна.
Погледнетеги фотографиите од настанот овде...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top