(ФОТОГРАФИИ) Тимот на Алтона Меџик реди успеси на Македонскиот Куп за Јуниори

Алтона Меџик со златни и сребрени медали во повеќе категории..

Овој викенд во Џелонг се одржа Македонскиот Куп за јуниори во фудбал. Домаќин на купот беше Македонскиот фудбалски клуб Џелонг.

Повеќе подмладоци на Алтона освоија златни и сребрени медали.

Златни медали во тимот на Алтона Меџик освоија младите под 15 години, под 10 години, под 13, под 9 и под 14 години, додека второ место освоија тимовите под 16 години, под 11, под 12 како и девојчињата под 11 години.

После промоцијата во НПЛ на сениорите, и младите тимови на Алтона Меџик покажуваат дека се еден од најдобрите фудбалски клубови во Викторија, а најзаслужен за тоа секако е претседателот на клубот Игор Георгиевски.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top