Фотографии: Успешна турнеја на „Молика“ и Анета во Канада следна дестинација Америка

Популарни и успешни на сите турнеи во дијаспората.

Музичкиот состав „Молика“ со најдобрата естрадна звезда последниве неколку години Анета Мицевска,  новогодишните празници ги поминаа во Канада.

Ладното време воопшто не влијаеше на посетеноста на концертите, но страшно ниските температури влијаеја само кога членовите шеткаа нив најубавите места во Канада.
Во золошката во Торонто пингвините паѓаа во несвест кога ќе излегуваа од внатрешноста на просториите кон надворешниот простор на золошката.
Манаџерот на Групата „Молика“ - Џими Мицевски на членовите на групата им вети како што ветува Дедо Мраз дека наредниот декември ќе ги носи на тропска клима кај што нема зима.

Според зборовите на менаџерот на групата Џими Мицевски дознаваме дека и оваа турнеја била успешна и присутните на концертите потполно биле задоволни од „Молика“ и Анета Мицевска.

Моментално членовите на група Молика се во Битола и се спремаат за нова турнеја.

Следна дестинација е Америка.

Концертите ке се одржат на:

2ри март, 8ми март, 15ти март и 20ти април во Македонскиот Културен Центар Св. Кирил и Методиј 1500 Pompton Ave Cedar Grove, New Yersey 07009.

22 март 2014 - Columbus, Ohio.

29 март 2014 - Rochester, NY (за прв пат)

05 април - Crown Point, Indiana

12 април 2014 Detroit, Michigan

Погледнете ги фотографиите во галеријата што следува...


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top