(ФОТОГРАФИИ): Успешно организиран и одржан саемот на Македонски книги во Мелбурн

Македонското литературно друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн со претседателката Гордана Димовска уште еднаш организираа успешен културен настан со цел да ја приближат македонскиот пишан збор до Македонците во Австралија..

Саемот на книгата се одржува секоја година во чест на Свети Кирил и Методиј кој воедно е и потсетување на значајноста на нивната величенствена мисија, во просветувањето на народот и создавањето на првата азбука. 

Саемот на книгата веќе неколку години претсавува важен и уникатен културен настан во Македонската заедница во Викторија но зазема и пошироки размери. Овојпат интересот за изложување книги беше најголем досега, беа изложени голем број на книги од авторите, членови на МЛД Кочо Рацин но и од други автори кои изразија желба да земат учество оваа година: Стив Јованоски со “The philospher’s game”,“The brotherhood”(романи на Англиски јазик), писателите од ЛД “Ванчо Николески”, Наум Трајчески (Одминато време), и Наум Пауноски (Душевен времеполов), голем избор од творештвото на Јанко Томов од Квинсленд ( Патриотски конверзации и коментари од движењето на дијаспората, From communis to democracy) како и од писатели од Македонија. 

Важно место им се даде на промоцијата на најновите книги од членовите – автори на МЛД Кочо Рацин, Љубов и завет низ виорите од Гордана Димовска и Ванѓелко Лозаноски (презентер Весна Дамчевска), како и збирката раскази Патека на детството , збирката поезија Песни од мојата младост од Љубица Поповска. (презентер Дона Д. Кантаровска). Рецитатори и читатели: Љупчо Столески, Славчо Трајкоски, Снежана Попорданоска која читаше мал извадок од романот Љубов и завет низ виорите.
Медиумите: Australian Macedonian weekly, Today newspaper (Игор Павловски), SBS radio (Васе Коцев, Маргарита Василева), веб порталот Фаланга, Танас Петрин од радио Plenty Valley, координаторот на библиотеката Џек Чен, помогнаа многу во апелирањето до македонската публика да го посети овој настан. 

Настанот беше збогатен и со музика за што голема заслуга имаат: Група Извор (Зоки и Филип Стојчевски), младата талентирана пејачка Џесика Стојчевска која ја исполни песната Јовано Јованке и две песни од Тоше Проески, Хорот Плетенка, Хорот Утеха.
Настан кој има за цел да развива свеста за зачувување на македонскиот јазик преку афирмирање на литературните дела од македонски автори. Треба се повеќе да биде поддржуван од сите македонски организации во Викторија затоа што е од многу големо значење.

Од семето што го посееја, денес го жнееме најубавиот плод, македонскиот јазик, македонската развиена книжевност. Да продложиме по патот на светлината со силна љубов и силна афирмација на македонскиот јазик и писмо, кое ни го дадоја и за кое се жртвуваа нашите претци - извадок од говорот на Г. Димовска.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top