(ФОТОГРАФИИ) Утре голем протест против Шарли Ебдо: Свештениците со повик за убиство и на другите новинари

Верските лидери повикаа преживеаните од масакрот во редакцијата на весникот новинари веднаш да бидат обесен. За утре е најавен протест на кој с еочекува да има над милион муслимани.

Студенти излегоа на улиците низ главниот град Могадишу по излегувањето на комеморативниот број на изданието Шарли Ебдо на чија насловна е пророкот Мухамед со пролиена солза, а над него пишува “Се е простено”.  

Многу муслимани низ целиот свет беа револтирани и од новата насловна на сатиричниот весник, за што протести се одржаа од Сомалија до Нигер, Пакистан и Јордан. Во Сомалија студентите  носат транспаренти “Јас сум муслиман и го  сакам мојот пророк “. 

На нозе е и Пакистан. Таму протестираа адвокати. Велат, карикатурата на Мухамед е напад на нивната религија. Им се придружија пакистански активисти кои излегоа на улица со транспаренти “Осудува  за антиисламските акти”. Ден претходно полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата која се обидела да влезе во француската амбасада. 

Насилни протести имаше и во Карачи, каде загинаа тројца, меѓу кои и фотограф на АФП. Во Нигер пак за време на протестите загинаа 10 лица, а уште толку се повредени. Беа запалени три цркви и уништени француски културни центри. Се палеше и француското знаме. 

Протести имаше и во Сенегал, Мали, Мавританија и Алжир . Во Јордан избувнаа и немири. Над 2000 демонстранти, организирани од “Муслиманско братство”, влегоа во судир со безбедносните сили. 

Протести се одржаа исто во Исламабад и Лахоре. Во четвртокот премиерот Наваз Шариф во  парламентот го осуди изданието за објавување на карикатурата. Верските лидери повикаа преживеаните од масакрот во редакцијата на весникот новинари веднаш да бидат обесени.

За утре пак 19 јануари за кога е најавен протест во главниот чеченски град Грозни, се очекува да присуствуваат на милион луѓе. Протестот ќе биде со слоганот “Љубов кон пророкот Мухамед”, а го организира свештенството. 

Францускиот претседател Франсоа Оланд сепак  ги минимизираше протестите, велејќи дека демонстрациите против “Шарл Ебдо” во другите земји не ја разбираат посветеноста на Франција кон слободата на говорот.
Тој додаде дека Франција ги  поддржувала овие земји во борбата со тероризмот.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top