(ФОТОГРАФИИ): Вечeрва започнува 13 - тото издание на „ПИВО- ФЕСТ“

Наздравје Прилеп.

Со пивска здравица и во придружба на фестивалските хостеси, Градоначалникот Марјан Ристески заедно со водителите Марјана и Жарко и со Талија Петреска од СГИ, го најавија вечерашното отворање на фестивалот на пивото ПИВО- ФЕСТ- 2015.

Фестивалската атмосфера, веќе неколку дена се подгрева со оптимизам и амбиции, да се срушат сите рекорди. Прилепчани, со неповторливиот оптимизам, спремни се да се соочат со големата балканска фешта под Маркови кули.

- Ќе бидеме гостопримливи би требало да имаме многу гости како и секоја година и пак да го урниме рекордот, посочија прилепчани.


Гостите, за подобро информирање ќе добијат флаери со сите неопходни содржини.

- На влезот од градот секој посетител ќе ја добие оваа туристичка мапа, со распоредот на штандовите и со програмата на самиот фестивал, за сите музички ѕвезди и за сите културно-историски споменици и локалитети кои ќе можат да ги посетат во овие 4 дена. – рече Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Триесеттина штандови, богата естрадна понуда, натпревари на пивопијци, прошетки со фестивалскиот воз и други лудории, е големиот предизвик за 400. 000 домашни и балкански гости од вечерва, па до недела.

Вечерва посетителите ќе ги забавуваат Слаткаристика, Љубојна, Саша Ковачевиќ , DJ Slave, DJ Meto S, DJ Martin Antenna 5 и DJ Sinisa. Во петокот свој настап ќе имаат Radio Activ, ZAA, DNK и Прљаво Казалиште.

Во саботата настапува македонскиот фолк изведувач Наум Петрески, Неда Украден и Оливер Драгоевиќ, додека пак во неделата свои настапи ќе имаат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин.

Дефинитивно годинава Пиво фест ке биде посетен од многу наши иселеници Македонци од дијаспората поготово од Австралија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top