(ФОТОГРАФИИ) Велигден во Успение на Пресвета Богородица - Сиднам - ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!

Велигден во црквата Успение на Пресвета Богородица, Сиднам.

Воскресението е светлина. Кога ќе речеме воскресение, нас едноставно не асоцира на светлина. Велигденскиот поздрав, Христос воскресе - навистина воскресна е пренесување на светлината Христова. Изрекувајки го овој поздрав ние ја сведочиме светлината. 

За да ја сведочиме таа светлина треба живо да соучествуваме во настаните од животот Христов на Неговите маки, распнување, погребение и слегнување во адот и воскресение. Преку аскетско-исихастичкиот подвиг на очистување на срцето од страстите да ги распнеме нашите страсти со воздржание. Да го приковиме нашиот ум за зборовите на молитвата " Господи Исусе Христе, помолуј ме". Да го погребеме нашиот стар човек и да се симнеме со умот во адот по зборовите на преподобниот Силуан Атонски:"држи го умот во адот и не очајувај" за да на крајот и ние да совоскресеме со Христос во Неговата светлина.

Нека благодатта и светлината на воскресението Христово заблеска во сите нас, во нашето срце, во нашиот ум, во нашите души, во нашиот живот и сите задно и едномислено да речеме "ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! - НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!"


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top