(ФОТОГРАФИИ) Влезот во Ѓорче Петров блокиран. Што се случуваше синоќа?

Сообраќајот се одвива по обиколницата, а според информации од полицијата, и улицата 4 jули во населбата, поради превртените контејнери на патот, е непрoодна за возила..

Влезот кон Скопје од страната на Тетово утрово е блокиран за сообраќај порадивчерашното убиство на 18-годишното момче Ангел што се случи во населбата Ѓорче Петров.

Сообраќајот се одвива по обиколницата, а според информации од полицијата, и улицата 4 jули во населбата, поради превртените контејнери на патот, е непрoодна за возила.

Полициски единици и утрово се наоѓаат во близина на местото на убиството, а синоќа во населбата гневните жители поради бруталното убиство на матурантот, освен што палеa контејнери по улиците, искршиja и неколку дуќани во оваа скопска населба.  

По улиците на Ѓорче Петров утрово се движат само пешаци, а превртените контејнери, возила и искршените стакла насекаде по населбата од синоќешните нереди, сведочат за нередите како последица на трагичниот настан. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top