(ФОТОГРАФИИ) Заборавениот јунак кој го добил името по Александар Македонски а сега е херој на Албанија

Неговото име е Скендербег, а неговото вистинско име денес е скоро заборавени благодарение на албанските пропаганди....

Македонскиот и српскиот народ и историчарите лесно се одрекуваат од своите витези и херои. Ваквата судбина ја има витезот и папскиот генерал Ѓорѓија „Ѓерѓ“ Кастриот , кој албанците потоа го прогласиле за национален херој,  а неговиот семеен грб го преземале за свој национален штит. Неговото име е Скендербег, а неговото вистинско име денес е скоро заборавени благодарение на албанските пропаганди.

Српското православно потекло на Ѓорѓија не е спорно. Англискиот историчар Едвард Гибон во својето дело „ History of the Decline and Fall of the Roman Empire “ од 1788-та јасно напиша дека фамилијата Кастриоти води потекло од старото српско братство Браниловиќ од Зета.

Неговиот дедо се доселил во Јанина во Епор, како српски кефалија (во српската средновековна држава тоа е поглавар, старешина на градот). Татко му пак Ѓон се нарекол принц на Епир (Мата, Круја, Мирдита и Дебар). Неговата мајка Воисава, била кнегиња, од полошкото семејството „Трибалда“ или од благородното семејство „Музака“.Неговите родители имале девет деца, од кои Ѓерѓ бил најмалиот син, неговите браќа се викале Станиша, Репош и Костандин, а неговите сестри Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка и Мамица.

Скендербег е роден како „Ѓерѓ Кастриоти“ во Круја, денешна Албанија. Ѓон Кастриоти, за да задржи поседи во средна Албанија и во дебарската област, ги дал своите синови како заложници кај султанот. Таму Скендербег ја сменал својата вера во Ислам и завршил воена школа во Одрин, како и војувал во турска војска и однесол многу победи за Отоманското царство.

За своите воени заслуги, го добил званието „Искендер Беј“ („бег Александар“ — тур. İskender Bey, алб. Skënderbeg) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски.

Останува отворено прашањето дали Скендербег е Албански, Српски или пак Македонски национален херој.

Неодамна пак, пратеникот во косовскиот Парламент, Гезим Келменди, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендербег херој на католиците а не албански национален херој.

Келмедни, како што пренесува весникот „Експрес“ тоа го аргуменирал со фактот дека во 15 век, во времето кога војувал Скендербег, не постоеле нации. - Католиците го имаат својот херој - Скендербег. Во 15 век не постоеле нации и војните биле поради верски прашања, изјавил Келменди во телевизиска емисија.

Тој исто така се сомнева и за потеклото на националниот херој, поради неговата мајка и постоењето многу народи во тоа време во тогашна Албанија и се согласува дека е потребна измена на албанската историја, зашто она што се учело во училиштата не било вистина.

Келменди оценува дека Турција не била окупатор на Албанија, туку само владеела во таа земја и затоа треба да се третира како земја - пријател.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top