(Фотографии) Златните славејчиња кај претседателот Иванов

Претседателот Иванов ги прими учесниците на 43-то издание на детскиот фестивал „Златно славејче“, што се одржa под негово покровителство..

Честитајќи им го Меѓународниот ден на детето, претседателот Иванов на златните славејчиња им честиташе за успешното реализирање на фестивалот, што се одржа по четириесет и трети пат.

Претседателот Иванов посака уште многу години златните славејчиња да пејат нови песни и да имаат нови изведби за новите генерации и порача дека Македонија е горда што го има „Златно славејче“ и дека нивната мисија е поттик за сегашните генерации, но и генерациите кои следат, да продолжат да ги негуваат вистинските вредности.

Златните славејчиња низ песна се заблагодарија за континуираната поддршка од македонскиот претседател. Ветија дека неуморно и посветено ќе работат за да постигнат уште поголеми успеси и да ни донесат уште поголеми радости во иднина.

Повеке фотографии од настанот погледнете овде:


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top