(ФОТОГРАФИИ) Зошто толку многу животни изумираат? Процентот рапидно се зголемува

Истражувачите откриле дека ваквитe изумирања, кои можат да убијат повеќе од 90 проценти од населението, се зголемуваат помеѓу птиците, рибите и морските безрбетници..

Масовното изумирање на одредени животински видови од година во година се зголемува, а тоа трае веќе седум децении, открива најновата студија која ја објави Daily Mail.

Истражувачите откриле дека ваквитe изумирања, кои можат да убијат повеќе од 90 проценти од населението, се зголемуваат помеѓу птиците, рибите и морските безрбетници.

Причините за умирањето се различни, од ефекти поврзани со луѓето, но и со загадувањето на животната средина кои сочинуваат околу една петтина од нив.

Научниците од трите Американски институции – Универзитетот во Сан Диего, Универзитетот Јеил и Универзитетот Беркли во Калифорнија, ја објавија студијата во Proceedings of the National Academy of Sciences.

Масовните изумирања се опишани кога голем процент на смртност се случува на одреден вид на живи суштества во краток временски период.  

-  Ова е прв пат да се следи квалитетно процентот и фреквентноста. Иако имаше студии и во 1800-те и 40-те години од минатиот век сепак ние се решивме да ги земеме сите истражувања од тогаш до сега и да ги споиме до ден денешен. Болестите се 26 отсто виновни за изумирањата, како и биотоксичноста и загадувањата кои ги прави човекот, изјави др. Карсон, екологист од Универзитетот Беркли и додава дека со помош на обемните истражувања и нивните резултати, сега научниците имаат шанса да ги намалат масовните изумирања со наоѓање на причинителите, со цел тие да станат реткост.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top