(ФОТОГРАФИИ+ВИДЕО) 27 лица се убиени, а 109 се ранети во напад со нож во Кина

Идентично облечените мажи влегле во зградата на станицата и почнале да ги бодат луѓето.

Дваесет и седум лица се убиени, а 109 се ранети во напад со нож на железничката станица во градот Кунмин, во југозападна Кина, јави кинеската новинска агенција Синхуа. 

Според првичните информации нападот е дело на мажи, вооружени со ножеви, а бил извршен попладнево, околу билатерницата на станицата. Идентично облечените мажи влегле во зградата на станицата и почнале да ги бодат луѓето. 

На местото на трагедијата забележливо е силно полициско присуство, а по доаѓањето на полицијата од таму биле слушнати и истрели. 

Истрагата е во тек, но засега нема никакви информации за евентуалниот мотив на напаѓачите.  



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top