Фотографија на денот: 30 години од падот на Берлинскиот ѕид

Денеска, на 9-ти ноември, се одбележува 30-годишнината од падот на Ѕидот во Берлин, настан кој ја промени Европа и светот..

На централната манифестација во Берлин претпладнево ќе учествуваат германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларката Ангела Меркел, а како гости и повеќемина државници од Европа. 

Вечер претседателот Штајнмајер ќе се обрати на големиот собир организиран пред Бранденбуршката порта на кој се очекуваат илјадници граѓани. Падот на Берлинскиот ѕид беше вовед во повторното обединување на Германија по 41 година поделба на земјата.

Извор: Дојче Веле


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top