(ФОТО):МЕЛБУРН: Гед Кирни го дискриминира Македонскиот јазик во својот пропаганден материјал за изборите 2018

Скандалозно..

Денес повеќе Македонци се обратија до нас околу скандалозниот пропаганден материјал од Лабористичката партија во гласачката област Бетмен. 

Причина за вознемиреноста во македонската заедница е што во делот на нејзиниот промотивен материјал кај што треба да биде на македонски стои зборот Македонски, но понатамошниот дел е во целост на грчки. 

Изборите треба да се одржат оваа сабота, а се повеќе македонци се чувствуваат дискриминирани и понижени и се обратија до канцеларијата на Гед Кирни и побараа објаснување за ваквиот скандалозен чин. 

И редакцијата на Фаланга ја контактираше канцеларијата на кандидатката Гед Кирни за да побара објаснување за настанатата ситуација, но нејзе не можевме да ја добиеме, ни се јави нејзното лице за односи со јавност кој што рече дека тоа е грешка и во нејзино име и во име на Лабористичката партија се извини.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top