(ФОТО+ВИДЕО) Археолози го пронајдоа богатството на Инките старо 1.500 години

Археолошкиот проект Хуинаимара бил заеднички потфат на археолозите од Боливија и Белгија, а бил започнат пред два месеци. Вкупно ќе трае три години, а веќе има дадено спектакуларни резултати..

Тим археолози од Боливија и Белгија ги претставија првите резултати од потрагата за богатството на старите Инки пронајдено на дното на езерото Титикака, пренесува Huffington Post.

Кристоф Делаер, археолог од Белгија, изјавил дека целта на проектот е да се врати скриеното историско наследство на Боливија што се наоѓа на дното на езерото Титикака.

Првата фаза на истражување резултирала со откритие на артефакти стари меѓу 1.500 и 2.500 години. Меѓу пронајдените предмети има илјадници златни и сребрени предмети, делови од коски и предмети од керамика.

Научниците објасниле дека ги ваделе предметите со пумпи од езерото.

„Пронајдовме 2.000 предмети под водата, има керамика и урни постари од 500 до 800 години“, изјави Делаер.

Приказните дека во езерото има подводни тврдини и богатство од домородните племиња што веројатно ги сокриле од шпанските освојувачи со векови постојат во Боливија.

Претседателот Ево Моралес нагласи дека Боливија е најсиромашната земја во Јужна Америка и дека е подготвена да го врати нејзиното национално наследство како и да го изложи во земји во Европа и САД.




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top