Франција го повика турскиот амбасадор поради изјавата на Ердоган за Макрон

Француската влада го повика турскиот амбасадор во Франција на разговор за да ја објасни изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган..

Ердоган денеска ја коментираше изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој пред десетина дена во интервју за ,,Економист” рече дека НАТО е во ,,клиничка смрт”.

Турскиот претседател , во пресрет на лондонскиот самит , рече дека макрон треба самиот да се преиспита, зашто тој има ,,клиничка смрт”, а не НАТО, пренесе АП.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top