„Франција ќе нападне“ ако се најде доказ дека во Сирија е користено хемиско оружје

Емануел Макрон вети дека ќе „ја нападне“ Сирија доколку се докаже дека се користело хемиско оружје против цивили. Сепак, тој додаде дека француските разузнавачки агенции немаат доказ што би ги поткрепил таквите тврдења..

„За хемиското оружје поставив црвена линија и ја потврдувам таа црвена линија“, рече Макрон денеска пред новинарите во Париз. „Денес, нашите агенции, нашите вооружени сили не утврдија дека против цивилното население се користело хемиско оружје, како што е утврдено во договорите“.

Ако се пронајдат докази, Франција ќе ги нападне местата од каде што „потекнуваат“ пратките хемиско оружје, додаде тој. Францускиот претседател, исто така, потсети на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин што се одржа минатиот петок.

„Му го повторив тоа на претседателот Путин, барајќи да му го разјасни на сирискиот режим, кој потврди дека не користи хемиско оружје ... но ние го набљудуваме“, рече Макрон.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top