Французинот пред нов ангажман: Зидан тргнува по стапките на Гвардиола

Германските медиуми денеска објавија дека на крајот од сезоната ќе следуваат големи играчки и кадровски промени во тимот на Баерн Минхен, а целиот процес ќе почне од тренерот Нико Ковач..

Според нив, хрватскиот стручњак нема да биде на клупата на најтрофејниот бундеслигаш, а неговата замена е повеќе од интересна. Станува збор за Зинедин Зидан со кого челниците на клубот веќе имале средба, му понудиле работа, му го претставиле проектот и чекаа одговор.

Големи се шансите Зидан да ја прифати понудата бидјеќи Баерн е голем предизвик, а главна цел ќе биде Лигата на шампионите.

Ако навистина прифати, тој ќе тргне по стапките на Пеп Гвардиола кој по успешниот ангажман во шпанското првенство, се пресели во Баерн. Разликата е само во трофејите: Гвардиола за полни 4 сезони освои 14, а Зидан за 2,5 години – 8.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top