Фрчкоска: Јанева била исплашена и многу вознемирена

Ирена Фрчкоска, вели дека поранешната шефица на СЈО денеска била спроведена со полиција да присуствува на „работен“ состанок во Државниот завод за ревизија, без претходно да прими уредна покана или со претходна најава..

Јанева од домашен притвор била однесена со полиција во ДЗР, за да и биде презентиран извештај, а во канцелариите се наоѓал и јавен обвинител.

– Нејасно за нас е зошто присуствува јавен обвинител на лице место. Таа го направила тоа во знак за револт, бидејќи била игнорирана и не ѝ било овозможено да повика адвокати и народен правобранител. Потоа и се слошило и била повикана Брза помош. Била сама, исплашена и многу вознемирена – вели Фрчкоска за Либертас.

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top