ФРОДЕМ: Мицкоски наместо да им се додворува на притворените, да каже кој стои зад крвавото сценарио од 27 април

„Нелегално избраниот претседател на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да си ја исполни зацртаната и договорена задача повторно 24/7 ја активира фабриката за баналности, продуцирање афери и манипулации..

ФРОДЕМ јавно му порачува да престане со ефтината претстава за уцена и притисок на институциите и да престане да ја девалвира партијата.

„Наместо да им се додворува на притворените и да глуми единство и сплотеност во пратеничката група, најдобро би било да каже кој е нарачателот, сценаристот и финансиерот на крвавото сценарио од 27 април минатата година“, реагираат од ФРОДЕМ. 

Зa ФРОДЕМ дијалогот, процесот на помирување и иднината на земјава не смее да биде условуван од никој, а најмалку од соученици и заштитиници на криминалните дејствија и злосторства во минатото и денес.

Од таму додаваат дека Мицкоски и групата пратеници зад неговиот тил, наместо јавно да се извинат за сите сторени срамотилаци и арамилаци, тие и понатаму сеат магла и се обидуваат да условуваат, па дури и да уценуваат.

„Тие и понатаму живеат во времето на нивниот идол Груевски и понатаму сметаат дека дека народните пратеници треба да бидат недопирливи и да прават што сакаат. Тие никако да разберат дека пратеничкиот имунитет не смее да биде параван за неодговорност, беззаконие, јавашлук и неправда. Човеков и тие зад него никако да разберат дека споменатите во чие име се врши притисокот и уцената не се обвинети затоа што се уметници, режисери или оперски пеачи, туку затоа што сториле кривично дело казниво според кривичното законодавство", се вели во соопштението на Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

Според нив, „нелегално избраната персона наместо јавно да и се извини на целата нација и поединци за стотиците монирани кривични дела од страна на претходното државно и партиско раководство, за безмислосниот прогон кон партиските неистомисленици, за сето сторено зло и криминал од поранешните и од сегашните негови негови први соработници, тој продолжува и понатаму да одработува и да манипулира".



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top