ФРОДЕМ: Заев и Мицкоски како „грнче и капаче”

СДСМ и Зoран Заев упорно бараат сите граѓани солидарно да го понесат товарот на кризата. Упорно како сиве овие години наназад сакаат да јаваат на грбот на граѓаните..

Кога политичарите од партијата која го овозможи најголемиот грабеж на општествениот капитал од страна на дваесетмина ним блиски бизнисмени, бараат од осиромашениот и соголен до гола кожа граѓанин солидарно да го понесе товарот на кризата, тоа укажува на бесрамност, амнезија, недоговорност и лицемерност, реагира ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ како дел од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” е на ставот доколку Заев за време на премирувањето беше вистински премиер, а не премиер кој перфидно и суптилно ги копираше постапките на неговиот претходник Груевски и неговата фамилија, денес немаше да кажува бајки за солидарност.

Од друга страна наводниот опонент на Заев и СДСМ, Мицкоски и ДПСМНЕ, наместо да се грижат за граѓаните, тие приоритетот во оваа криза го ставаат на финансиска помош на бизнисмените. Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” му порачува на Мицкоски наместо да бара пари за бизнисмените, јаво да побара неговите поранешни партиско претпоставени сопартијци (сега осомничени и обвинети средно и многу богати бизнисмени), на кои тој им служеше додека тие го пљачкаа македонскио граѓанин, доброволно да ги вратат украдените пари и целиот нелегално стекнат имот во посебен Фонд за помош на граѓаните во оваа тешка ситуација.

Во таа насока Коалцијата ,,Никогаш северна, само Македонија” им порачува на Заев и Мицковски наместо да глумат опоненти и наводна загриженост, ургентно да се солидиризират со банкарите и со големите бизнисмени кои им се под контрола и чие неизмерно богатство им го овозможија партиите чии лидери сѐ, и заеднички ургентно да формираат посебен доброволен ФОНД за помош на граѓаните на Република Македонија во оваа тешка здравствена и економска криза, соопшти ФРОДЕМ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top