ФСП со низа прашања до Реформаторите на ВМРО ДПМНЕ

Соопштение.

Прашања на кои треба да дадат одговор т.н “Реформатори” 

1. Каде беа “реформаторите“ да бараат реформи додека Груевски беше Премиер?! Колки од нив добиваа бизниси благодарејќи на нивната лојалност према Груевск и фамилијата? 

2. Форумот на слободоумни патриоти се формира пред 4 год додека Груевски беше на власт од основачи и чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто тогаш ќутеа и не се приклонија кон Форумот? Зошто т.н. реформатори тогаш ги напаѓаа предводниците на идеата за реформи во партијата? Зошто не го потпишаа Прогласот за спас на ВМРО ДПМНЕ? 

3. За време на Груевски додека се апсеа вмровци, се уништуваа македонски фамилии, се ликвидираа опоненти, се организираа терористички акции “реформаторите“ стоеја гордо мирно рамо до рамо со Груевски и беа на неговите “мрсни“ платни списоци од мин. 5,000 е месечно. Зошто прво не ги вратат парите кои ги заработија во време на груевизмот?

 4. Нивните наводни средби со високи функционери од САД и ЕУ се обичен маркетинг трикови од на Груевски доктрината, еве прости прашања Со кого се сретнаа? Зошто НИКОЈ од овие функционери НЕ излезе со соопштение за средбата? Тие се официјални средби на нивна покана или случајни “шопинг“ средби? Каква е таа наводна подршка што ја изразиле за ниви што корист имаат САД и ЕУ од нив? НИШТО НЕМА 

5. Каде им е списокот со наводни нивни поддржувачи? Колкав е тој список? Имаат ли барем 1000 чесни и искрени партиски членови? 

 6. Каква е таа нивна стратегија за преземање на партијата за насилно влегување во штабот и освојување? ИСТА како онаа од 27 април на нивниот ментор Груевски за во собрание? Зошто НЕМААТ подршка за мирно и демократски преземање на партијата? Затоа што се еднакво контаминирани како останатите од крими-сектата на ДПМНЕ! Погледнете ги добро во очите и ќе видите дека им блика желбата за функции, власт, пари и моќ, како што сите знаеме они веќе ја конструирале нивната влада и шемата за пари! 

7. Дали е точно дека главните “реформатори” Александат и Петар се во постојана комуникација и координациј со Зоран Заев? Каде е духот и жарот во срцето за ВМРО што гореше некогаш како олимпискиот оган? Никаде! 

За крај Форумот на слободоумни патриоти не може да е приклучи со нив кога е формиран пред нив! 

Тие треба да се приклучат кон форумот ако ги исполнат условите а не да се однесуваат дрско и арогантно спрема членовите на форумот и основачите на ВМРО-ДПМНЕ!


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top