Фудбалерите на Арсенал се враќаат на тренинзи

Играчите на Арсенал ќе се вратат на редовниот тренинг во вторник..

Поради коронавирусот, фудбалерите на овој тим беа принудени да поминат извесно време во изолација, што ќе трае до вторник, кога играчите ќе се вратат во тренажен процес.

Фудбалерите на лондонскиот тим на тој начин ќе поминат вкупно 14 дена затворени во изолацијата во која отидоа откако коронавирусот го откри сопственикот на Олимпијакос, со кого одиграа натпревар.

По тоа е откриено дека тренерот на клубот Микел Артета боледува од овој вирус. Тој не покажа никакви симптоми, но се претпоставува дека тој нема да работи со тимот во вторник, но ќе се врати неколку дена подоцна.

Арсенал до прекинот на сезоната беше деветти со 40 поени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top