Фудбалерот Алиоски избркан од ресторан бидејќи зборувал албански јазик

Семејниот собир во еден ресторан на семејството Алиоски денеска во Прилеп се претворил во кошмар, и само поради тоа што Езџјан Алиоски и неговите најблиски говореле на албански јазик, на својот мајчин јазик, пренесе Спортмедиа..

Езџјан Алиоски, македонскиот репрезентативец и еден од нашите најдобри фудбалери кој против Полска и Австрија одигра машки и тоа со повреда, денеска доживеа голема непријатност во Прилеп. Имено како што самиот тој вели, додека бил во еден ресторан заедно со своето семество, бил „замолен“ да стане и да си замине, а причината била во тоа дека тој со своите најблиски говорел на албански јазик, оној на кој што говори. Навистина срамно и за секаква осуда.

„Навистина сум фрапиран од тоа што се случи во Прилеп. Видете јас играм за репрезентацијата на Македонија, доаѓам од Англија со цел да играм со радост за оваа селекција а еве што доживувам тука. Имено кога со своите најблиски говорев на својот мајчин јазик, инаку не кријам дека сум Албанец, дојде еден човек и ми рече да го напуштам ресторанот само поради тоа што слушна на кој јазик јас комуницирам со своето семејство. Навистина немам зборови, на никого ова не го посакувам“ изјави гневниот и револтиран Алиоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top