Фудбалерот на Јунајтед мора на суд поради наместени натпревари

Уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед, по Алексис Санчез ќе мора да се појави пред суд. Сега станува збор за Андре Ерера кој се терети за местење натпревари..

Афера со наместени наптрвари пред неколку години ја потресе Италија, а сега оваа ќе продолжи и пред шпанските судови поради слични обвиненија на голем број фудбалери, вклучувајќи го тука и фудбалеро на Јунајтед, Ерера.

Имено шпанските власти покренаа постапка во врска со сомнителниот меч помеѓу Сарагоса и Леванте кој се одигра во мај 2011 година.

Сарагоса тогаш славеше со 2-1, а наводно голема сума пари кружела помеѓу играчите на овие два клуба.

Вкупно 33 фудбалери ќе сведочат пред судот за случувањата на овој меч за време додека се играше и после завршување на истиот. Меѓу сослушаните ќе биде и Ерера.

Според судиските записи од 2014 година, во мај, 2011 година биле уплатени вкупно 848.450 фунти на тогашниот тренер на Сарагоса, Хавиер Агуеро, спортскиот директор и на деветмина играч.

Околу целиот случај се огласи и самиот Андер Ерера.

„Како што кажав и во 2014 година кога се појавија прашањата за спорниот натпревар, никогаш не сум,а нема ни да учествувам во било какви манипулации со резултат на натпрева. Доколку бидам повикан да сведочам на суд, со задоволство ќе го сторам тоа. Совеста ми е чиста. Го сакам фудбалот и верувам во фер-плеј, како на терен, так аи надвор од него“, изјави фудбалерот на „црвените ѓаволи“.

Инаку, Ерера кариерата ја започна во младинските погони на Сарагоса, а за првиот тим на овој клуб играше од 2009 до 2011 година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top