Фудбалско лудило во Шпанија: 110 меча во 39 дена на преку 30 степени

Фудбалско лудило во Шпанија: 110 меча во 39 дена на преку 30 степени.

Треба да се очекуваат доста возбудувања бидејќи ќе се води жестока борба за титулата меѓу Реал и Барса. Во 39 дена, од 11 јуни до 19 јули, ќе се одиграат дури 110 натпревари и тоа по исклучително спарно време бидејќи дневните температури во Шпанија во тој период изнесуваат преку 30 степени.

Иако шефот на Ла Лига, Хавиер Тебас, официјално го потврди календарот, се упатува на тоа дека постојат мечеви секој ден кога натпреварувањето ќе продолжи со цел да може на време да се заврши.

Можното време на почеток на натпреварите се уште не се објавени, иако се чини дека нема да ги има термините кои Ла Лига го користеше пред пандемијата на коронавирусот.

Со оглед на високите температури, се верува дека ќе се игра повеќе во ноќни термини со исклучок на Селта, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, односно тимовите кои пристигнуваат од северниот брег.

Освен борбата за титулата, ќе се води борба и за Лигата на шампионите бидејќи Севиља, Гетафе, Сосиедад, па можеби и Валенсија сакаат да ги дофатат третото и четвртото место.

Барселона првенството го продолжува со гостување кај Мајорка, додека Реал Мадрид ќе го пречека Еибар.

Доста се говори за тоа дека ќе се игра секој ден, тимовите на секои два-три дена ќе играат натпревари и прашање е дали играчите по толкава пауза се подготвени физички и дали ќе дојде до силни повреди, но правилото на ФИФА за пет замени по меч секако ќе им олесни на тренерите, а и ротациите во тимовите сега ќе бидат полести од порано.

Се на се, вонредни се околностите и никој не може да влијае на тоа, но желбата кај Шпанецот е огромна кога станува збор за продолжување на фудбалските возбудувања.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top