Габи ретерира: Сега мора да го преголтам она што го реков

Познато е од поодамна дека фудбалерот на Атлетико, Габи, пред извесен период натпреварувањето Лига Европа го исмеваше и навредуваше со погрдни зборови дека е срање, сега сето тоа му се врати како бумеранг..

Откако стана јасно на полусезоната во ЛШ, дека Атлетико ќе биде елиминиран од групната фаза, стана уште појасно дека Атлетико ќе игра во Лига Европа.

Момците на Диего Симеоне синоќа дотуркаа до трофејот, а Габи сега е во непријатна ситуација, во која како што и самиот истакна, мора да се срами од своите зборови.

Сега мора да ги преголтам моите зборови за Лига Европа, ова натпреварување е наше сезонава. Верувам дека оваа победа ќе го мотивира Гризман да остане со нас и идната сезона и тој со головите синоќа покажа дека е фокусиран само на Атлетико“, смета Габи.

Со оваа победа, Атлетико само ја продолжува доминацијата на шпанските екипи во Европа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top